Само 2,3% од фирмите не се приспособиле на новиот начин на електронска комуникација со УЈП, односно воопшто не се регистрирале на е-Даноци и не поднеле електронска ДДВ-пријава, иако имале законска обврска за тоа. Електронското пријавување на ДДВ навреме и успешно го завршиле 21.647 фирми. Со новините во даночното работење кои за месечните ДДВ обврзници стапија во сила на 1 јануари оваа година, а за тримесечните од 1 јули, се воведе задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП наместо досегашното поднесување на хартиени даночни пријави на шалтерите во Управата. За тие кои имале обврска, а не се пријавиле за електронско плаќање даноци, законот предвидува глоба до 3.500 евра во денарска противвредност.
Само 2,3% од фирмите не се приспособиле на новиот начин на електронска комуникација со УЈП, односно воопшто не се регистрирале на е-Даноци и не поднеле електронска ДДВ-пријава, иако имале законска обврска за тоа.
- Електронското пријавување на ДДВ навреме и успешно го завршиле 21.647 фирми - соопшти Управата за јавни приходи.
Со новините во даночното работење кои за месечните ДДВ обврзници стапија во сила на 1 јануари оваа година, а за тримесечните од 1 јули, се воведе задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП наместо досегашното поднесување на хартиени даночни пријави на шалтерите во Управата. За тие кои имале обврска, а не се пријавиле за електронско плаќање даноци, законот предвидува глоба до 3.500 евра во денарска противвредност.
Според последната статистика, од вкупно 37.777 даночни обврзници кои се регистрирани корисници на е-Даноци, 22.148 фирми имаат законска обврска да ја користат електронската комуникација, додека 15.629 ги користат е-даночните услуги на доброволна основа.